Стоби флипс со малите фудбалери

Триста деца од цела Македонија беа учесници на првиот младински фудбалски фестивал што се одржа на фудбалскиот терен во близина на спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, а под покровителство на „Витаминка“.

 

На фудбалскиот настан се одиграа неколку пријателски натпревари што преставуваат увертира за почетокот на младинската Вардар лига во септември, а се потпиша и договор за соработка помеѓу Вардар и регионалните школи.

 

На турнирот учествуваа деца кои се членови на регионалните школи на ФК Вардар, облечени во дресови на ФК Вардар со логото на нивниот омилен производ „Стоби флипс. Воедно, „Витаминка“ како генерален покровител на настанот за сите деца обезбеди и пакетчиња со свои производи.

 

Настанот што беше организиран во соработка со Open Fun Football Schools овозможи уникатно дружење и забава за децата, стекнување на нови пријателства и ширење на фудбалската култура меѓу младите. Во дружбата беа вклучени и фудбалските ѕвезди Влатко Грозданоски, Горан Попов, Дарко Глишиќ и познатиот пејач Влатко Лозано, кои покрај тоа што ги бодреа децата, заедно со нив се фотографираа и им ги потпишуваа дресовите на кои се наоѓа логото на најсилниот македонски бренд „Стоби Флипс“.

 
 
 
 
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија