Стојковска избрана за жена менаџер

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Единствена од кондиторската индустрија, во ова импозантно друштво на успешни, професионални и храбри жени е Наташа Стојковска, Директор на набавка и логистика во Витаминка.

Агенцијата Марили како единствена што го елаборира бизнисот од менаџерски аспект, веќе десет години успешно го организира овој избор. При изборот на најуспешните жени менаџерки се разгледуваат повеќе аспекти во работењето, позицијата, статусот, професионалниот успех, резултатите во работењето и придонесот за статусот на компанијата. Покрај основните менаџерски карактеристики, од телото надлежно за изборот се оценуваше колку добро се прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени.

 
Оваа година изборот беше поддржан од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која им се обрати на лауреатките.

 

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспешни менаџерки.



 

Започна производството на Брилијант

Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

Стоби флипс 40 години насекаде

Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка.

Ученичка посета на Витаминка

Деновиве беше реализирана уште една ученичка посета во просториите на Витаминка. Овој пат од страна на учениците од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.