STUBRAND за Стоби флипс и Атлантис

Витаминка со своите производи беше дел од првото STUBRAND истражување во Република Македонија. Истражувањето кое се спроведе во период од 15 септември до 1 октомври оваа година, опфати вкупно 291 бренд во 19 категории.
 
Од резултатите, Стоби флипс има најголем позитивен имиџ кај студентите со дури 91 отсто позитивни одговори, а Атлантис има позитивен имиџ кај 87 отсто од учесниците во истражувањето. Со ваквите резултати и двата брендa ги исполнуваат критериумите за PREMIUM STUBRAND за 2015 година.
STUBRAND е уникатно истражување на сегментирана категорија потрошувачи. Целната група врз која се спроведува истражувањето се студенти, односно млади лица на возраст од 18-27 години. Изборот на студентите како субјекти во истражувањето се темели врз премисата дека оваа потрошувачка група е многу значајна и во тековниот момент, но уште повеќе во иднина. Пораката на STUBRAND е „Креирајте вистинска лојалност кон брендот кај студентите денес и задржете ги засекогаш!“.
 
Резултатите од истражувањето се содржани во специјално подготвен извештај во кој покрај податоци за имиџот на секој од истражуваните брендови, достапни сѐ уште и споредбени анализи на имиџот на брендовите во секоја од 19 - те категории. Според аналитичките критериуми на истражувањето, STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 50%, а PREMIUM STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 75% и процентот на Love одговори да е поголем од Like одговори.
 
 
 

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.