Студенти ја посетија Витаминка

Во рамките на реализирање на наставата по предметот Глобални снабдувачки синџири, група студенти од четврта година на Економскиот факултет во Прилеп, заедно со предметниот професор д-р Анета Ристеска ја посетија „Витаминка“. Студентите имаа одлична можност практично да се запознаат со дел од активностите на синџирите на снабдување на производите коишто ги нуди нашата компанија. Синџирот на снабдување како систем чии составни делови се: материјали, производствени објекти, дистрибутивни служби и корисници поврзани заедно преку текот на материјали и повратниот тек на информации е доста сложена проблематика. За совладување на теоријата, неопходни се и практични искуства.  
 
 
Студентите ги посетија складишните простории за  суровини и материјали, амбалажа и готови производи. Комерцијалниот директор на „Витаминка“, Владимир Трпаноски  ги запозна со методите на складирање, видовите на складишта, како и со видовите на транспорт, движењето на материјалите, начинот на допрема и отпрема на производите. Студентите беа пријатно изненадени од професионализмот на вработените во фабриката, истакнувајќи дека оваа посета значително придонесе за збогатување на нивната  практичната настава.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.