Студенти од UACS во Витаминка

Група студенти од втора година на Факултетот за деловна економија од Универзитетот Американ колеџ-Скопје, ја посетија „Витаминка“. 
 
Студентите кои го слушаат предметот „Меѓународен менаџмент и глобализација“, заедно со предметниот наставник Македонка Димитрова имаа можност да разговараат со директорот на извоз Љупчо Велески и шефот во извоз Васко Јанески за извозните стратегии на компанијата, начинот на договарање и извезување стока во други земји, за производите и нивната позиционираност во странство.
 
Исто така, тие добија информации и за организациската поставеност, човечките ресурси, организациската култура, начинот на водење на компанијата, производниот асортиман и стратегиите за настап на пазарот.
 
Студентите од Американ колеџ имаа можност да пробаат и дел од широката палета производи на „Витаминка“.
 
 

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.