Студенти во посета на „Витаминка“

ваесетина студенти од Машинскиот факултет во Скопје ја посетија нашата фабрика. Во РЕ „Чоколада“, тие имаа можност да ги видат машините за производство на различните чоколада што ги произведува „Витаминка“. 
 
Димитар Спиркоски, советник на Претседателот на Одбор на директори на „Витаминка“ ги запозна студентите со начинот на производство на чоколада во компанијата, покажувајќи им ги машините од познатиот швајцарски производител Билер, за кои „Витаминка“ пред две години инвестираше 2,5 милиони евра.
 
Ѓорѓи Јованоски, управник на Одржување со Енергетика и Рубин Кочоски, шеф на производство во РЕ „Чоколада“ ги запознаа студентите од четврта година при Машинскиот факултет во Скопје со мулдинг линијата на која се произведуваат неколку од најпознатите чоколада на компанијата, врвни брендови во Македонија и пошироко.
 
На крај од посетата, студентите се освежија со Цевитана, дегустирајќи дел од широката палета производи и разгледувајќи ја Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.