Студенти во посета на „Витаминка“

Група студенти од Економскиот Факултет во Прилеп кои го слушаат предметот Бизнис логистика, ја посетија „Витаминка“ за практично да се запознаат со логистичките активности на компанијата. Комерцијалниот директор на „Витаминка“, Владимир Трпаноски, ги запозна студентите и нивниот предметен професор Марика Башеска Ѓорѓиеска со начинот на транспорт, допрема, складирање и отпрема на производите.

Студентите ги посетија магацините на „Витаминка“ за амбалажа, суровина и готов производ, каде имаа можност да ги забележат движењата на материјалите и производите во компанијата. Исто така, тие го посетија и погонот за чоколада каде вкусија дел од квалитетните чоколадни производи на „Витаминка“.

Оваа кратка, студентска посета на „Витаминка“, ја збогати практичната настава на студентите, а воедно им овозможи и да ја согледаат големата професионална организираност на Логистиката во компанијата.

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.