“Superbrands” за 2009 година

superbrands

ПИ “ВИТАМИНКА” АД - Добитник на статусот “Superbrands” за 2009 година
25/03/2009
Светската брендинг организација Superbrands 14 години со ред ги идентифицира и им оддава почест на најсилните национални пазарни марки.
Оваа година меѓу наградените е и Прехранбената индустрија “ВИТАМИНКА” АД Прилеп со два нејзини бренда: корпоративниот - “ВИТАМИНКА” и “СТОБИ ФЛИПС”.
Статусот “Superbrands” го добиваат оние пазарни марки кои истовремено претставуваат:

- квалитет
- одговорност
- разликуваност
- емотивно влијание

Изборот на Superbrands е врз основа на гласањето од независен, Superbrands стручен совет, составен од 50 членови, бизнисмени, маркетинг професионалци, владини претставници, претставници на медиумите, универзитетски професори, добри познавачи на бизнисот и маркетингот во Македонија.

За организацијата Superbrands

Меѓународната организација Superbrands е единствен глобален независен авторитет на подрачјето на брендингот. Присутна е во 82 држави низ целиот свет, а започнала со работа во 2006г во Хрватска. Како организација се темели на идентификација и именување на докажани трговски марки. Супербранд анализира остварувања на одредена трговска марка и ги проепознава оние кои остваруваат повеќе од својата конкуренција и ги наградува со високо признание СуперБранд – статус.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.