Витаминка повторно Superbrands

superbrands2 СООПШТЕНИЕ

Производите на Витаминка повторно со ознака Superbrands

„Цевитана“ и „Витанез“, познатите брендови на прехранбената компанија Витаминка од Прилеп се прогласени за Superbrands за 2011/2012 година. Ова признание ги верифицира напорите на менаџментот на Витаминка, да произведува квалитетни производи, по достапна цена, а истовремено ги вброи овие производи во групата на брендови од оваа фабрика кои досега веќе се закитија со ознаката Superbrands.
„Прогласувањето на Цевитана и Витанез за Superbrands е доказ дека нашето повеќегодишно вложување во производството и технологијата има позитивен ефект и е единствен начин да се добие квалитетен производ. Тоа што потрошувачите ги препознаваат и избираат токму нашите производи е доволна награда за нас, а признанието Superbrands, само ја заокружува приказната за Витаминка, како фабрика која прави производи со одличен квалитет, препознатливи и барани на пазарот“, вели Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.
„Витанез“ е мајонез кој годинава слави 20 години постоење на пазарот. Две децениското егзистирање докажува дека се работи за производ кој е со одличен квалитет, вкусен, а се користи како составен дел на салати или како додаток на главни јадења.
„Цевитана“ е енергетски пијалок, кој е и официјален пијалок на Македонската кошаркарска репрезентација. Тоа е инстант прашок за подготовка на освежителен витамински напиток со 9 витамини . Цевитана се подговува брзо и едноставно, ги задоволува потребите и го надополнува дефицитот од витамини во дневната исхрана.

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.