Ученици во посета на Витаминка

Група ученици од трета година од профилот Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на П.И. „Витаминка“ А.Д. Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти.

Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои суровини кои редовно се испитуваат во лабораторијата. Беше истакнато и тоа дека ваквиот начин на контрола на суровините, полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на стандарден и висок квалитет на производот.
 

Учениците пробаа и дел од производите на „Витаминка“, заклучувајќи дека квалитетот на нашите производи е на високо ниво. 

 
 
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија