Витаминка пред дипломатскиот кор

vitaminka so diplomatski kor
Во рамките на проектот за промоција на македонските извозни капацитети Министерството за надворешни работи на 20.02.2013 година пред претставниците на дипломатскиот кор во земјава организираше промоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата АД „Витаминка“ од Прилеп.
 
Гостите имаа можност да се запознаат со производствените капацитети, технолошките процеси и потенцијалите за извоз на една од најголемите Македонски компании.
 
Свои поздравни обраќања имаа министерот за надворешни работи Никола Попоски и претседателот на Управниот одбор на „Витаминка“ Симон Наумоски. 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија