Потпишан договор за стипендирање

Денеска, во просториите на П.И. „Витаминка“ А.Д. Прилеп беше потпишан договорот за стипендирање на тројца студенти на Технолошко - Металуршкиот Факултет во Скопје. Договорот со студентите Ангела Талеска, Сара Димова и Драганче Ристески го потпиша Претседателот на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ А.Д. Симон Наумоски. Наумоски ги запозна стипендистите со работата на „Витаминка“, нагласувајќи дека таа е една од најголемите фабрики во прехранбената индустрија во Македонија. Студентите - стипендисти се запознаа и со дел од работата на фабриката, посетувајќи еден од погоните.

„Витаминка“ за прв пат започна со стипендирање студенти пред три години. Месечната стипендија изнесува 6 150 денари и се исплаќа месечно во текот на целата година, а стипендистите добиваат и еднократен надомест од 9 000 денари за учебни помагала.

Со новите три стипендисти „Витаминка“ стипендира вкупно шест студенти на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје. Практиката на стипендирање ќе продолжи и во наредните години. Со тоа оваа фабрика влегува во редот на компаниите што размислуваат визионерски и инвестираат во својата иднина.

 
 

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.