Витаминка го проширува пазарот

„Витаминка“ го прошири својот пазар кон Обединетите арапски емирати, извезувајќи ги корнфлексите „Дардо“ и „Чока Мока“ и на арапскиот пазар.
 
- Нашата компанија отсекогаш била извозно ориентирана, тоа го покажува и процентот на извоз што е речиси 50 отсто од нашето производство. Со извозот во Обединетите арапски емирати отвораме дополнителен пазар од 8 милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман на светскиот пазар не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на „Витаминка“ е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот - вели Љупчо Велески,  директор на извоз на „Витаминка“.
 
Покрај извозот во Обединетите арапски емирати, „Витаминка“ започна и извоз на „Чоко стоби флипс“ и во Саудиска Aрабија. Со овој чекор, „Витаминка“ го прошири својот пазар за дополнителни 28 милиони потрошувачи.
„Витаминка“ ги извезува своите производи во над 25 земји.

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.