Помош за поплавените подрачја

Витаминка се вклучи во акцијата за помош на граѓаните кои се погодени од поплавите, со финансиска донација, како и донација од прехранбени производи.

Како социјално одговорна компанија, чувствуваме одговорност да им помогнеме не граѓаните од овие региони. Целта на оваа донација е да им помогнеме на нашите сограѓани, но во исто време и да испратиме порака до јавноста на Република Македонија дека жителите на овие подрачја имаат потреба од помош од сите нас. Ова е мал гест на грижа и внимание со кој се надеваме дека ќе помогнеме.

Со ваквата акција, уште еднаш ја покажуваме својата општествено одговорна страна, ја продолжуваме низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа, секогаш излегувајќи во пресрет на потребите на граѓаните. 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија