Витаминка на Gulfood 2015

               „Витаминка“ беше дел од 20-то јубилејно издание на Gulfood, што се одржа од 8 до 12 февруари годинава во Дубаи - најголемиот светски трговски центар, спој на Европската култура и ориенталниот вкус.

 
                 На најголемиот светски саем за храна и угостителство на годишно ниво, на кој годинава се претставија околу 4000 компании изложувачи од преку 120 земји, „Витаминка“ по трет пат успешно ги презентираше својата вредност и реноме. Фактот дека настапот на настан како што е Gulfood е од круцијално значење за изложувачите, е поддржан од интегритетот на самиот саем, кој несомнено, на учесниците им обезбедува патека до светските пазари и размена на know-how. За посетителите, саемот креира можност за посета на неверојатна изложба на иновација и современ тренд на храна, како и селекција на најдобрите производи ширум светот.
 
               Квалитетот и атрактивниот дизајн на широката палета производи на „Витаминка“ го привлекоа вниманието на преку 250 посетители. Претставници на најразлични бизнис формати од производно-услужниот сектор за прехрана, меѓу кои, синџири на супермаркети, директни увозници, дистрибутери, агенти, производители на репроматеријали, компании од секторот на пакување производи, како и производители на најразлични современи машини, пројавија интерес за потенцијална соработка.
 
               Предводени од Генералниот извршен директор Сашо Наумоски, пред глобаниот аудиториум „Витаминка“ успешно ја претставија: Љупчо Велески, директор на секторот Извоз, Расим Мрлаку, менаџер на „Vitaminka Trade“ од Косово, Васко Јанески шеф во сектор Извоз и Давид Велески, подрачен шеф во сектор Извоз.
 
               Најголем интерес кај посетителите предизвика богатиот програм на кексите, особено „Карамел бисквит" и вкусовите на интегралниот кекс „Деспина", снек производите како автентичниот „Стоби Флипс" и асортиманот на „Бонитас", следени од  оригиналниот „Чоко Стоби Флипс" и чоколадираните производи, чоколадните морски школки „Атлантис" и квалитетот на „Цевитана“. Иновативниот производ „Чоко ориз“, пак, особено ги воодушеви посетителите од Блискиот Исток, Африка и Европа.
 
               И при овој саемски настап се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во истражување и развој на асортиманот и квалитетот на производите, на „Витаминка“ ѝ се олеснува патот до глобалниот пазар, притоа креирајќи конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања од страна на потрошувачите.
 
               Во рамките на саемската манифестација, штандот на „Витаминка“ беше посетен и од Амбасадорот на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати Саше Ташевски, од кого беше дадана безусловна поддршка за промоција на „Витаминка“.
 
               Без конкуренција, манифестација како Gulfood, на „Витаминка“ и дава можност за неверојатен поврат на инвестициите преку низа потенцијални соработки на глабално ниво. 
 
 

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.