Витаминка и Преспав

Витеа чај наместо ракија за Миле, Атлантис чоколадна бонбона за вишиот инспектор, чаша со Цевитана за освежување во ресторанот на хотелот, ова се сцени од новата македонска ситком серија „Преспав“.

Како што вратите од пансионот „Преспав“ се отвораат, така се влегува во една метафорична приказна, лоцирана на брегот на Преспанското Езеро, каде се прекршуваат балканскиот менталитет и желбата да се следат и да се воспостават европските стандарди. Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион благодарение на средствата добиени од ЕУ фондовите. Животите на јунаците на оваа серија, генерациските судири меѓу браќата, разликите во менталитетот на вработените се проследени  и испреплетени со голем број производи на Витаминка, затоа што реализацијата на македонскиот ситком „Преспав“ е помогната токму од оваа компанија. 
 
„Потреба и обврска на сите стопански субјекти е да дадат свој придонес и на кој било можен начин да го помогнат развојот на современата македонска ТВ продукција. Нашата помош во создавањето на оваа серија произлегува од фактот дека компанијата со своите производи е дел од македонското секојдневие веќе шест децении и со тоа сосема природно влегуваме во една ваква екранизација на македонскиот живот”, изјавија од компанијата. 
 
Првата епизода од ситкомот „Преспав“ започна да се емитува на ТВ Телма на 31ви октомври и ќе се прикажува секој работен ден во 20.40 часот. Продуцент на серијата е Пеце Талески, режија на Игор Иванов заедно со Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Актерската екипа е составена од познати и реномирани македонски актери, Владо Јовановски, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски,  Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири. Како креатори на оваа македонска метафора и сценариски на епизодите се потпишуваат Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов. 
 
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.