Витаминка на ISM 2015 во Германија

„Витаминка“ во текот на изминатата недела се претстави на „ISM 2015“, најголемиот саем за слатки и бисквити кој се одржа во Келн, Германија.  

Како дел од најголемата бизнис и комуникациска платформа во кондиторската индустрија, „Витаминка“ на саемот се претстави со целиот асортиман на грицки и слатки производи. Меѓу брендовите изложени за присутните гости на саемот беа и Стоби флипс, Чоко Стоби флипс, Фрути, Бонитас, Деспина, Карамел бисквит, Атлантис, Сириус и Луна.  

На саемот учествуваа повеќе од 1 500 производители од 65 земји од светот, а го посетија повеќе од 37 000 посетители од 140 земји од светот. На „ISM 2015“ оваа година беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во оваа индустрија, фокусирајќи се главно на потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар на слатки и бисквити.  

 
 
 
 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.