Витаминка поддржува маалски фудбал

На неколку локации во спортските центри во Скопје, девојките од тимот на Стоби Флипс им го прекинаа натпреварот на маалските играчи во мал фудбал, но со добра причина. Тие се погрижија маалските тимови во овој спорт да добијат Стоби Флипс фудбалски топки, навивачки маички како и неколку пакети со производи.
 
Преку ваквите изненадувачки активности, Витаминка сака да го поттикне спортскиот дух и да ги поддржи рекреативните тимови во мал фудбал, со симболични подароци со кои ќе можат да тренираат и да си ги одмеруваат силите, а по завршувањето на натпреварот да ја повратат енергијата со производи од палетата на компанијата.
 
Оваа акција предизвика големо внимание и кај сите присутни навивачи и останатите тимови во маалски фудбал, па домаќините од Витаминка планираат да организираат вакви акции и во иднина.
 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.