Витаминка на Индагра фуд

Витаминка беше единствената компанијата од Македонија присутна на еден од најголемите европски саеми за храна, Индагра фуд во Романија. Компанијата ја претстави целата палета од своите производи и го привлече интересот на посетителите од секторот, вклучувајќи производители, трговци и сопственици на малопродажни ланци како и граѓани.
 
Секое саемско искуство носи нови сознанија и придобивки. Често сме присутни на саемските манифестации и се трудиме да ги следиме сите, затоа што досега оваа стратегија се покажала како продуктивна. Бројните придобивки започнуваат со изложувањето на производите и нивниот прв контакт со локалните потрошувачи или пак со дистрибутерите и трговците. Секој саем носи нови сознанија и заклучоци соодветно на географската и етнографската поставеност. Сето тоа нам ни дава вредни информации за подобро развивање и позиционирање на извесен производ на кој било странски пазар. Денес саемите во својата содржина вклучуваат и бројни дополнителни активности, така што стануваат интердисциплинарни, едукативни и информативни настани, од каде може многу да се научи, а ние тоа максимално го користиме.
 
Меѓународниот трговски саем за прехранбена индустрија Индагра фуд е една од најважните платформи за промовирање на компании и нивните производи од цела Европа. Поврзувајќи ги производителите и трговците од локалниот и соседните пазари, овој саем привлекува се повеќе компании кои својот напредок го гледаат во проширување кон странските пазари. На последното саемско издание своите производи ги имаа изложено повеќе од 150 компании, а манифестацијата беше посетена од над 10 000 посетители од секторската и општата, широката јавност.
 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.