Витаминка на саем во Нингбо

„Витаминка“ со изложување на дел од широката палета сопствени производи се претстави пред еден од светски највлијателните саеми на кондиторски производи, саемот China-CEEC Expo за инвестиции и трговија со храна што се одржа во Нингбо, Кина.
 
Фактот што бевме дел од овој саем значи дека го добивме и признанието за квалитет на нашите производи кои ги задоволуваат високите стандарди во Централна и Источна Европа. Саемот China-CEEC Expo е еден од водечките саеми воопшто заради големиот број учесници но и заради тоа што во фокусот има инвестиции и трговија, а не само изложување и затоа претставува исклучителна можност за сите присутни. Големиот број изложувачи, увозници и посетители, ни даде одлична можност за презентирање на нашите производи, зацврстување на веќе воспоставените бизнис врски, но во исто време и можност за иницијални контакти со потенцијални соработници и истражување на условите за проширување на пласманот на производите и остварување на планираните стратешки и бизнис планови.
 
На саемот во Нингбо, Кина, освен „Витаминка“ која беше претставена од подрачните шефови во извоз Александар Ѓуроски и Петар Стојковски, се претставија и светски познати и реномирани компании од 16 земји од Централна и Источна Европа. 
China-CEECExpo изложбениот саем беше организиран од Министерството за Комерција на Кина и претставува првата сеопфатна инвестициско – трговска платформа која се воспоставува помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (CEEC).
 
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.