Витаминка на саем во Шангај

На последниот Меѓународен трговски саем за прехранбени производи СИАЛ што се одржа во кинеската административна и економска престолнина Шангај, „Витаминка“ се претстави со повеќе свои производи.
 
Во промовирањето на најголемиот македонски производител на кондиторски производи во Кина се вклучи и македонската манекенка, младата но успешна Елена Шахинова која веќе неколку години работи во Шангај како заштитно лице на Викториа Сикрет за Кина.
 
Влегувањето на „Витаминка“ на кинескиот пазар е од исклучително значење за глобалното ширење на компанијата и нашите брендови. Дополнително, во овој светски економски центар присутни се врвните брендови од целиот свет и ако тука успеете, тоа значи дека навистина имате целосно изграден производ, со квалитет, препознатливост и идентитет. Затоа, значењето на овој успех, односно да бидете забележан и баран во толкаво окружување е навистина големо и единствено може да се измери со големината на оваа земја.
 
По само еднодневно претставување, производите на „Витаминка“ веднаш станаа препознатливи. Веќе на вториот ден од саемот, нашиот изложбен агол беше масовно посетен од тамошното население. Според нивните реакции и граѓаните на Шангај го препознаваат вистинскиот квалитет и единствен вкус. Посебно внимание кај нив предизвикаа интегралните кекси Деспина и најсилниот македонски бренд Стоби Флипс.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.