„Витаминка“ на саем за вработување

„Витаминка“ учествуваше на првиот саем за вработување во Прилеп, во организација на Агенцијата за вработување како дел од новиот циклус што се организира низ општините во Република Македонија.
 
Штандот на „Витаминка“ која важи за една од најпознатите и најреномирани македонски компании го посетија повеќе прилепчани кои оставија свои кратки биографии и се послужија со асортиманот производи изложен на штандот.
 
Според првичните сознанија, на нашиот штанд беа оставени повеќе од сто кратки биографии од невработени помлади и повозрасни граѓани со средно и високо образование.
 
 

Започна производството на Брилијант

Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

Стоби флипс 40 години насекаде

Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка.

Стојковска избрана за жена менаџер

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Меѓу десетте најуспешни и храбри жени е и Наташа Стојковска, Директор на набавка и логистика во Витаминка.