Витаминка на саемот Ануга 2015

Витаминка успешно се претстави на најпознатиот светски саем за храна - Ануга 2015, што се оджа во Келн, Германија од 10-ти до 14-ти октомври.
 
Ануга е најголемиот светски саем за храна и пијалаци во светот со повеќе од 6700 изложувачи од 98 земји. Концептот на Ануга претставува идеална платформа за нови пазари и целни групи за сите изложувачи.
 
На овој саем Витаминка се претстави со поголем дел од асортиманот производи и предизвика голем интерес кај посетителите.
 
Ова претставува уште една потврда за континуираниот квалитет на нашите производи, но и поттик за продолжување на успешната работа надвор од границите на државата. 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.