Витаминка на Talk IN Business

На четвртата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, организирана од InStore магазинот, учествуваше и „Витаминка“.
 
Конференцијата на тема „Дистрибуција и логистика“ се одржа во Скопје, а на истата, своја презентација имаше и Комерцијалниот директор на „Витаминка“, Владимир Трпаноски. Пред присутните производители, дистрибутери, трговци, шпедитори, логистичари и претставници од ИТ секторот, Трпаноски се осврна на Сопствената дистрибуција кај производствените компании, што предизвика голем интерес кај присутните.
 
Конференцијата беше заокружена со оформување на две работни групи во кои се дискутираше на неколку теми: Аутсорсинг во дистрибуција, Специфики и новитети во магацинско работење и Начини за постигнување поголема ефикасност со помали трошоци.
 
Меѓу присутните на Конференцијата беа и: „Кене + Нагел", „Тинекс", „Кола", „АВТ-интернатионал", „Макпрогрес", „Викторија шпед", „Боми 10 логистик", „Нелт СТ", РСМ, „Сигма СБ", „Мактренд", „Маг комерц", „Пекабеско", „Квехенбергер", „Еуроимпекс" и „Алка дистрибуција".
 
 
 
 

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.