Витаминка на вториот FMCG-самит

Витаминка со шест свои претставници учествуваше на познатиот FMCG-самит што беше организиран од ИнСтор. FMCG-самит е најголемиот трговски настан на годината во Македонија и се одржа во Скопје, во хотелот „Александар палас" под мотото „Од лидери за лидери“.
 
На FMCG-самитот свое излагање имаше Љупчо Велески, директор за извоз во „Витаминка" кој сподели лични и професионални искуства и со експертски знаења, истакнувајќи ги основните аспекти на пласирањето приватни трговски марки наспроти брендовите.
 
На самитот којшто се организира по втор пат во Македонија, на едно место присуствуваа најважните актери на трговската сцена – од менаџментот, секторите за набавка, маркетингот и продажбата, како и консултанти, агенции и придружни дејности од Македонија и од регионот.

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.