Витаминка, поддржувач на еко проект

Изминатите две недели, „Витаминка“ со свои производи го поддржа едукативниот проект на „Пакомак“ - „3Д Еко автобус“ наменет за ученици од прво до петто оделение во прилепските училишта. Учениците имаа 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3D филм и игра-тест со систем за интерактивно поврзување со публиката која се одвива во рамките на еколошкиот автобус, стациониран во близина на училиштата.
 
Во Прилеп беа опфатени сите основни училишта, а наставата ја посетија околу 3000 ученици. За нив, „Витаминка“ обезбеди пакување Бонитас. Покрај учењето и забавата, прилепските основци уште еднаш се уверија во вкусот на нашите производи, фотографирајќи се со нив пред еко автобусот.
 
 
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.