Витаминка присутна на FMCG самитот

Вработени во П.И. „Витаминка“ присуствуваа на првиот FMCG самит, што се одржа на 12 мај во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тие беа дел од првата конференција за трговија со стока за широка потрошувачка во Македонија.
 
FMCG самитот, организиран од месечниот трговски магазин InStore, на едно место ги собра најважните актери на трговската сцена - од менаџментот, секторите за набавка, маркетинг и продажба. Тие ги споделија искуствата и знаењата за трговијата со стока за широка потрошувачка, а се говореше и за иновациите во бизнисот, дистрибуцијата, навиките на купувачот, како и за промоциите.
 
На самитот, со свој пулт се претстави и „Витаминка“ која воедно беше и еден од главните спонзори. Посетителите имаа убава можност да ги вкусат прекрасните крцкави и чоколадни Чоко Стоби флипс, уверувајќи се уште еднаш во нивниот оригинален вкус што никого не остава рамнодушен.
 
 

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа