Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Станува збор за дневен настан, кој е дел од новиот проект на охридските Тамаро маркети и Супер радио во соработка со Витаминка и се одвива во текот на летниот период.

Со избрендирано во боите на Витаминка, возило Рено 4, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваат некоја од познатите и најпопуларните охридски плажи каде на заинтересираните летувалци и туристи познатиот водител Жанко ЗШ Голабоски,  им дели од вкусните  производи на Витаминка, Стоби Флипс, Чоко Стоби флипс, Магнус, Цевитана и слично.

Ваквата акција внесе вистинска свежина во и така забавното лето во Охрид, а летното Витаминка такси е вистинска атракција на охридските улици, на плажите и каде и да се појави предизвикува големо внимание. Летното Витаминка такси, е посебно затоа што еднаш неделно за сите кои ќе го застанат возилото во вечерните часови, се возат бесплатно до саканата дестинација, а притоа исто така си добиваат и многу Витаминка производи. Проектот се одвива во текот на месеците јули и август. 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.