Витаминка на саем за вработување

„Витаминка“ присуствуваше на Саемот за вработување во Битола на 4-ти декември, како дел од низата саеми што ги организира Агенцијата за вработување на Република Македонија. Во рамките на Саемот за вработување се одржа и Форум на работодавачи на кој учество зедоа и претставници од „Витаминка“.

Интерес за работа во нашата организациија пројавија многу кандидати. Потврда за тоа е и бројот на доставени биографии, кој според Секторот за правни и општи работи на „Витаминка“ брои повеќе од 200 апликации. Истите ќе бидат разгледани во најскоро време, со што ќе се знае за кои работни места е пројавен најголем интерес, како и за образованието на апликантите.

На сите лица кои пројавија интерес им беа поделени рекламни материјали од „Витаминка“, а им беше укажана можност и да ги дегустираат различните производи од асортиманот на компанијата.

 
 

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.

Витаминка на саемот СИАЛ во Париз

Македонската компанија Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018.