Награда за општествена одговорност

На годишното доделување на Националната награда за општествена одговорност Витаминка АД Прилеп ја доби наградата во категоријата „однос кон вработени“. Наградата е доделена за проектот „ДНК на компанијата“, преку кој што компанијата ја зацврстува основата и суштината на своето функционирање со стимулирање и мотивирање на вработените и имплементирање на позитивни внатрекомпаниски односи. Овој проект - практика се темели на грижата на компанијата за здравјето, информираноста и едукацијата на вработените.
 
„Витаминка е компанија што постојано вложува и изнаоѓа нови начини за унапредување на статусот на вработените. Токму и затоа оваа награда ни е исклучително важна, претставува потврда за сето наше вложување и ангажираност за позитивната работна атмосфера, мотивирани вработени и воспоставување на повисоки стандарди во професионалноста и експертизата на вработените. Мотивот за создавање на овој проект е убедувањето дека само здрава, едуцирања и информирана работна сила може да помогне во растење на компанијата“, изјавија од тимот за општествена одговорност на Витаминка.
 
Целта на проектот е да се постигнат нула повреди на работното место, да се намалат боледувањата и да се развие свеста на вработените за потребата од 100% хигиена на и надвор од работното место. Сето тоа ќе придонесе за создавање на високо квалитетен производ кој рамноправно ќе се бори на пазарот со конкуренцијата.
 
Целта на Манифестацијата Национална награда за општествена одговорност е промовирање на позитивните практики на општествено одговорно делување како и мотивирање за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност во компаниите. Организирана е од Министерство за економија, Бизнис конфедерација на Македонија и проектот на Европската Унија „Општествена одговорност за сите“.
 
 
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.