Витаминка спонзор на MKS

Витаминка беше платинум спонзор на најголемиот маркетинг настан во Македонија што се одржа на 30-ти септември годинава.
 
Marketing Kingdom Skopje е првиот настан во Македонија кој вклучи интерактивни презентации од светските експерти за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP и VISA како и Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и Мери Џо Џејкоби, единствената деловна личност во светот што работела за два претседатели на САД, за Кралицата на Велика Британија и премиерот на Велика Британија, како и личноста што управуваше со кризата во BP America, за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив, назначена од Обама лично.
 
Првиот Marketing Kingdom Skopje го одбележаа дванаесетте врвни експерти од маркетинг индустријата и современите комуникации, повеќе од 250 делегати од земјава и уште од Србија, Хрватска, Албанија и Косово како и големиот интерес од локалните, домашни маркетари, ПР експерти и студенти.
 
Покрај спонзорството, Витаминка беше дел од настанот и со присуство на свој тим вработени во секторите за Домашен пазар, Извоз, Набавка и Маркетинг.
 
Беше навистина голема чест и задоволство да се поддржи еден ваков едукативен настан каде што гости излагачи беа најголемите имиња во маркетингот од различни сектори и индустрии. Воедно статусот на платинум спонзор на #МКСкопје за нас значи и поддршка и заложба за модерните текови, трендови и тенденции во комуникациите.
 
 
 Од лево на десно Heather Mitchell, Global Head of PR and Social Media, Unilever Hair Care, Душица Неделкоска, Маркетинг Витаминка, Noha Bashir, Social Media Director, CEEMEA, Visa, UAE, Наташа Стојковска, директор на Набавка Витаминка. 
 
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.