"Витеа" нови чаеви на Витаминка

vitea-novo-ime-na-caevite-na-vitaminka

„Нe случајно се одлучивме за ребрендирање на чаевите сега во пролетниот период. Ова е период на детоксикација на телото за подготовка на претстојниот летен период, а во тој процес најдобро помагаат чаевите. Потрошувачите можат да ја започнат својата пролетна детоксикација со чаевите на Витаминка со веќе потврдениот квалитет но во нов помодерен дизајн и име “Витеа”,” изјави комерцијалниот директор на Витаминка Владимир Трпаноски.

Добро познатите чаеви на Витаминка од нане, камилица, шипка и хибискус со шипка се дел од асортиманот на Витаминка повеќе од 15 години. Новото име и дизајн се во насока на новите трендови за дизајн на пакување, а квалитетот на производот на веќе потврдено високо ниво. Предвидено е оваа линија на чаеви да се проширува во согласност со пазарните трендови и барања на потрошувачите.

„Витеа“ чаевите на Витаминка се добиени од квалитетни и високо ароматични плодови и билки од сончевото македонско поднебје.

Чаевите на Витаминка може да се служат и како ладен напиток.

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.