Во друштво на гимназијалците

Ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп кои завршија прва година, ја посетија „Витаминка“ заедно со предметниот наставник по хемија Ружа Ангелеска.
 
Прилепските гимназијалци се запознаа со работата на работната единица „Чоколада“ каде управникот Силва Цветаноска им ја претстави целокупната подготовка, производство и пакување на чоколадата.
 
Во Хемиската лабораторија, пак, директорот на Контролно-развојната лабораторија Натали Петреска ги запозна со работата на лабораторијата и начинот на контрола на суровините, полупроизводите, производите и амбалажата.
 
 
Средношколците беа поздравени и од директорот на Секторот за правни и општи работи Орде Ѓорѓиоски.
За да остане во добро сеќавање оваа посета кај нив, секако помогна и дегустацијата на дел од производите на „Витаминка“.
Со ова, „Витаминка“ уште еднаш покажа дека е отворена кон граѓаните и е високо општествено одговорна компанија.
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија