Започна Bubble football еуфоријатa!

Во незаборавна адреналинска забава се одржа Bubble football турнирот на Витаминка што викендов се играше во Градскиот парк во Скопје, каде учество земаа 22 екипи.
 
Витаминка како главен покровител и организатор на оваа забавна и динамична игра, за сите учесници и посетители обезбеди освежување со најновите Цевитана вкусови од манго, грејпфрут и минт лимон. За најдобрите Instagram фотографии се доделија и неколку награди.
 
Со овој настан се означи и почетокот на годинешнава Bubble football манија што ќе трае цело лето. Сите оние кои сакаат да учествуваат, можат да се информираат на фејсбук страната на Цевитана каде ќе бидат објавени следните Bubble football настани.
 

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.