Завршија бабл фудбал натпреварите

Цевитана Bubble Football турнирите организирани ова лето за прв пат низ повеќе градови во Македонија, предизвикаа голем интерес каде и да се појавеше караванот на забавата, дружењето и на незаборавното фудбалско искуство.
 
Успешно организираните адреналински натпревари во Струмица, Дојран, Битола, Прилеп, Охрид и во Скопје за големиот број натпреварувачи кои беа распоредени во над 100 екипи донесоа нов вид возбуда.
 
Цевитана Bubble Football натпреварите, покрај забавата, оставија свој автентичен печат кај сите учесници кои околу својата горна половина од телото носеа големи транспарентни и проsирни бабл топки, така што со нив можеа да скокаат, да се тркалаат и да прават контакт со другите играчи без никаков ризик од повреда.
 
Брендот Цевитана и компанијата Витаминка, како организатори на овие настани, обезбедија интересни подароци за сите пријавени учесници, а беа обезбедени и бројни изненадувања за посетителите на турнирите. Ваквиот вид на фудбалско збиднување во Македонија ќе продолжи и во наредната година, со идеја тоа да се претвори во долгогодишна летна традиција и забава за сите оние со спортски дух кои бараат и сакаат вакви адреналински искуства.
 

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.