Сарита со лешник и чоколадо

- Што е САРИТА кекс?
- Зошто тој е развиен и пуштен во производство и продажба?
- Кои позитивни ефекти се добиваат по здравjeто на човекот редовна  употреба?
САРИТА е најновиот кекс произведен во „Витаминка“ после цели три години работа на испитувања и уходување на   неговата рецептура од страна на технолозите вработени во неа.
Тој е производ по состав скоро во целост еднаков како и составот на еден од најпознатите светски брендови на тој кекс.
Произведен е со користење на 5 (пет) целозрнести житарки и тоа:
- снегулки од овес,
- интегрално брашно од хелда,
- интегрално брашно од пченица,
- интегрално брашно од јачмен, и 
- интегрално брашно од 'рж.
Смеша од овие интегрални брашна заедно со брашно од пченица се мешаат пред почетокот на производството на овој кекс. САРИТА кексот содржи и: растителна маст, млечни компоненти во помал процент, мед и повеќе витамини неопходни за нормалното фукционирање на човечкиот организам во текот на денот.
Петте присутни интегрални житарки во тој кекс (снегулките од овес и четирите интегрални житарки од: хелда, пченица, јачмен и 'рж) се одлична здрава храна за човечкиот организам посебно корисни за неговиот дигестивен систем, богата со нерастворливи и растворливи диететски влакна. Збогатени со калциум и со железо и со додадените повеќе видови на витамини од природно потекло во тие производи даваат посебен и значаен придонес кон нивниот квалитет и потреба за нивна секојдневна употреба на едно до две мали пакувања (од 20-40 g) од страна на лицето - потрошувач кој сака да ужива со нив.
Трите квалитета на САРИТА кексот денес присутни во редовното производство на „Витаминка“, кои веќе и се присутни на пазарот, се следните:
1. САРИТА - чајно пециво со додаток на млеко и на мед во неговиот состав, извонреден за консумирање со чај и кафе;
2. САРИТА - чајно пециво со додатоци на дробен  лешник и чоколадни парчиња („капки“),
3. САРИТА - чајно пециво со додаток на чоколадо во прав во неговиот состав.
Сите овие три производи од САРИТА кексот се спакувани во комерцијално поединечно пакување - долгманеста картонска кутија со нето тежина од 200 грама. Во неа кексите се присутни во 10 (десет) помали поединечни целофанирани пакувања во кои има по два поединечни кекса или вкупно 20 грама на кекс. Секое поединечно парче од кексот има тежина од 10 грама.
Овие наши нови високо-квалитетни САРИТА кекси кои содржат спородигестивни јаглехидрати можат да се носат со себе во прирачната ташна за на работа, и тоа едно или две од поединечните пакувања сместени во комерцијалното пакување - кутијата.
Пробајте ги и уверете се во квалитетот на САРИТА кексите. Само со проба ќе можете да го почувствувате нивниот извонреден квалитет.