ДАРК - Темно чоколадо

ДАРК темното чоколадо со 60% какао делови со својот специфичен горко - сладок вкус, топејќи се бавно во вашата уста ви овозможува максимално задоволство и уживање. Ова чоколадо се препорачува за сите генерации како резултат на изобилството корисни состојки кои позитивно влијаат на здравјето.
  • Хранлива вредност
    Какаовото масло бидејќи е од растително потекло го намалува лошиот, а го зголемува добриот холестерол. Исто така изобилува со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали, предизвикувачи на болести. Од многуте корисни состојки пред се би ги истакнале:
    Високо ниво нафлавонид кој позитивно влијае на срцето и крвните садови;
    Катехини - ја зголемуваат отпорноста кон дегенеративните болести како што се канцер и срцеви болести;
    Фенилетиламин и сератонин кои на природен начин придонесуваат за подобро расположение;
    Минерали: фосфор, магнезиум, железо и калиум.